Состојки (за 4 лица): - 600 г поголеми буковки
- 2 јајца
- 100 г брашно
- 150 г презла
- сол, пипер, малку слатка пиперка
- масло за пржење
Подготовка: Исчистете ги печурките и оставете ги во поголеми парчиња. Посолете ги лесно. Во една чинија ставете брашно, во втора изматени јајца со сол и пипер, а во трета презла со малку слатка пиперка. Секоја печурка тркалајте ја прво во брашно, па во јајце и на крај во презла. Пржете ги во загреано масло по 2 до 3 минути од секоја страна, додека не станат златни. Ставете ги на хартиена крпа за да се исцеди вишокот масло. Служете ги со тартар сос, лимон или свежа салата.
|