Похувани буковки

Состојки (за 4 лица):

  • 600 г поголеми буковки
  • 2 јајца
  • 100 г брашно
  • 150 г презла
  • сол, пипер, малку слатка пиперка
  • масло за пржење

Подготовка: Исчистете ги печурките и оставете ги во поголеми парчиња. Посолете ги лесно. Во една чинија ставете брашно, во втора изматени јајца со сол и пипер, а во трета презла со малку слатка пиперка. Секоја печурка тркалајте ја прво во брашно, па во јајце и на крај во презла. Пржете ги во загреано масло по 2 до 3 минути од секоја страна, додека не станат златни. Ставете ги на хартиена крпа за да се исцеди вишокот масло.

Служете ги со тартар сос, лимон или свежа салата.

Додај во PrintBasket Печати
Назад