Кошничка

Имате 1 информации во вашата кошничка за печатење


„Децата се наше богатство“ — убаво звучи пред камери.

Но, ако навистина се наше богатство, тогаш зошто децата на функционерите не ги делат истите услови со децата на обичните граѓани?

Нека одат во јавни училишта.
Нека се лекуваат во државни болници.
Нека ги живеат истите проблеми што ги живеат илјадници семејства.

Зашто додека за едни има привилегии, за други има чекање, редици и борба за основни услови.

Не бараме привилегии за нашите деца. Бараме ист третман за сите.

Ако јавните училишта и државните болници се доволно добри за народот — нека бидат доволно добри и за оние што ја водат државата.

Зашто државата не се мери по тоа што им го овозможува на привилегираните, туку по тоа каков живот им обезбедува на сите деца.

И ако нашите деца се иднината на оваа држава — тогаш нека имаат иста иднина, а не различни правила.

Дата: 2026-06-17