Пржени буковки со лук и магдонос Состојки (за 2 лица):
Подготовка: Исчистете ги буковките со хартиена крпа (не мијте ги многу, бидејќи впиваат вода) и искинете ги на парчиња со рака. Загрејте го маслото во поголема тава. Ставете ги печурките во еден слој и пржете ги на посилен оган 5 до 7 минути без многу мешање, додека не добијат златна боја. Додадете го ситно сецканиот лук и пржете уште една минута. На крајот посолете, побиберете и посипете со магдонос. Служете ги топли, како прилог кон месо, со леб или преку тестенини. |